Грчкиот министер за финансии Јанис Варуфакис утрово поднел оставка за да му олеснел на премиерот Алексис Ципрас во преговорите со странските доверители и покрај грчкото „не“ со 61,31 процент од гласовите против мерките за штедење.
Варуфакис ја најави својата одлука на „Твитер“, а на својот блог ги објасни и причините за таквата одлука.
– Набрзо по соопштувањето на резултатите од референдумот јас самиот, свесен за одредени наклоности на поедини претставници на еврогрупата и на други партнери за мое „отсуство“ од состаноците, одлучив дека тоа може да биде евентуално корисно за премиерот во постигнување договор. Од тие причини денес го напуштам Министерството за финансии – наведува Варуфакис на својот блог и додал дека со гордост ќе го носи гадењето на кредиторите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.