Новите истражувања покажуваат дека Велика Британија и САД шест месци пред масакрот во Сребреница знаеле дека во оваа енклава ќе се случи нешто ужасно, но ја жртвувале во своите напори за мир. Тогашните шефови на држави и политичари се токму тие што ќе ги пополнат ВИП местата во Сребреница по повод одбележувањето на 20-годишнината од масакрот, пишува лондонски „Гардијан“.
Во текстот под наслов „Како Британија и САД одлучија да ја остават Сребреница на нејзината судбина“, чиишто автори се новинарот Ед Вулиами и Флоренс Хартман, поранешна портпаролка на Трибуналот во Хаг и советничка на Карла дел Понте, се наведуваат бројни сведочења и изјави на официјални лица кои имале клучни улоги во случувањата во Сребреница, а кои покажуваат дека „злосторството во Сребреница било очекувано и дека западните сили биле жртвувани поради склучување мир меѓу завојуваните страни“.
– Во Поточари на 11 јули ќе има говори и признанија, но најмалку веројатно е дека ќе се слушне одговор на прашањњето: како се случи злосторството во Сребреница? Зошто одредите на смртта на босанските Срби неконтролирано убиле повеќе од 8.000 мажи и момчиња во неколку дена и тоа пред носот на трупите на ОН кои имале законска обврска да ги заштитат жртвите? Кој и зошто го дозволил тоа – прашуваат авторите на текстот.
Тие констатираат дека денес пости маса докази дека падот на Сребреница бил дел од политиката на три големи сили Британија, Франција и САД и на раководството на ОН во потрага за мир по секоја цена. Мир на сметка на Сребреница.
Се наведува и дека Советот за безбеност на ОН уште во мај 1993 година поднел извешта во кој предупредува на потенцијален масакр ако српските сили влезат во Сребреница, и дека веќе во пролетта 1995 година големите сили веќе не обрнувале внимание на тоа во настојувањата да ја поделат Босна меѓу Србите, Хрватите и Муслиманите.
Новинарите на „Гардијан“ темелно објаснуваат како големите сили инсистирале да се укине постоењето на енклавите, потоа, како биле свесни дека ќе следува етничко чистење во Сребреница, но и како припадници на УНПРОФОР ги оставиле цивилите незаштитени и одбиле да помогнат.
Одредени извори укажуваат дека на 13 јули оперативци на ЦИА дури и сателитски ги следеле случувањата во Сребреница во извесна централа во Виена, како и дека масакрот бил дозволен од страна на големите сили без каков било обид да се вмешаат, а камоли да ги спасат жртвите.
Во текстот се опишани и средби на западни функционери и преговори со претставници на муслиманите, но и со Слободан Милошевиќ, Радован Караџиќ и Ратко Младиќ, но и обидот на искусните дипломати подоцна случувањата во Сребреница да ги претстават како изненадување.
Ниту еден политичар, дипломат или воен функционер не нашол за сходно да поднесе оставка поради предавството на Сребреница. Ќе биде интересно да се види дали барем нешто приближно на извинување ќе се чуе во следните недели од Британија, САД и Франција, заклучуваат авторите, потсетувајќи дека сите тие се унапредени по Сребреница.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Холандија бара поништување на пресудата за Сребреница
-
Пресуда на Хаг: Холандија делумно виновна за смртта на муслиманите во Сребреница
-
Холандски војници ќе ја тужат државата затоа што ги пратила во Сребреница
-
По ослободителната пресуда на Шешељ, радикалите со часови кружеле низ Сребреница извикувајќи: Пак ќе ве колеме! (видео)