На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините, информираат од АМСМ.
На сите патни правци каде што се изведуваат градежни работи има поставено соодветна патна и сообраќајна сигнализација. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.
АМСМ препорачува внимателно возење, приспособена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево, Виница – Берово, каде што е можна почеста појава на одрони.
Поради изведување работи на мостовите и асфалтирање на патниот правец Велес – Скопје (од штипска клучка до тунелот Катланово), сообраќајот се одвива по една коловозна лента, за што е поставена соодветна сообраќајна сигнализација.
Поради извршување на градежни активности на државниот пат А3, делница Велес – Кадрифаково, сообраќајот се одвива под привремен режим на сообраќај, и тоа:
– од крајот на трета лента (депонија Велес) до с. Лозово, и
– од с. Лозово преку с. Сарамзалино до клучка Кадрифаково.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.