| четврток, 6 декември 2018 |

На гранците нема задржувања, од Велес до Скопје по една лента

ekonomija-patista-51-2

На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините, информираат од АМСМ.

На сите патни правци каде што се изведуваат градежни работи има поставено соодветна патна и сообраќајна сигнализација. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.

АМСМ препорачува внимателно возење, приспособена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево, Виница – Берово, каде што е можна почеста појава на одрони.

Поради изведување работи на мостовите и асфалтирање на патниот правец Велес – Скопје (од штипска клучка до тунелот Катланово), сообраќајот се одвива по една коловозна лента, за што е поставена соодветна сообраќајна сигнализација.

Поради извршување на градежни активности на државниот пат А3, делница Велес – Кадрифаково, сообраќајот се одвива под привремен режим на сообраќај, и тоа:

– од крајот на трета лента (депонија Велес) до с. Лозово, и

– од с. Лозово преку с. Сарамзалино до клучка Кадрифаково.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top