| четврток, 6 декември 2018 |

Браќата Мамиќ уапсени на хрватско-словенечката граница

Првиот човек на Динамо Загреб, Здравко Мамиќ, и неговиот брат Зоран, кој е тренер на хрватскиот првак, денеска беа уапсени на хрватско-словенечката граница.
Неколку дена хрватска полиција врши претрес на имотите на браќата Мамиќ со цел да докаже и да подигне обвинение за затајување на данок и оштетување на државната каса како и оштетување на касата на Динамо Загреб.

Утрово беше обелоденето дека против нив се издава налог за апсење на барање на обвинителството, по што браќата Мамиќ решија да ги напуштат подготовките на тимот во Словенија и да се упатат кон Загреб, се со цел дополнително да не се урива атмосферата во тимот кого наскоро го очекува стартот на квалификациите за Лигата на шампионите.

Очекувано на границата Здравко и Зоран беа пречекани од хрватската полиција и заедно со нивниот тим на адвокати беа упатени на распит кај лицата кои го водат обвинителниот процес против нив.

Управата на Динамо Загреб излезе со уште едно соопштение и подршка до нивните колеги.

– Сакаме да нагласиме дека целата екипа, стручниот штаб, фудбалската школа и сите вработени цврсто стојат зад своите колеги и потполно сме уверени дека ќе биде докажана нивната невиност“ – се вели во клупското соопштение на Динамо Загреб.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top