Како победник на втората сезона на „Икс-фактор“, Амел Чуриќ, вчера го потпиша ветениот договор со дискографската куќа „Менарт“, балканскиот застапник на „Сони мјузик“.
Пејачот најави дека за само неколку недели ќе ја објави првата песна, а на почетокот на есента го планира и првиот концерт, закажан за Загреб.
– Од самиот почеток на шоуто верував дека ова ќе биде мојата пресвртница во кариерата. После првите аудиции и одличните коментари од жирито и од публиката, почувствував дека има шанси да стигнам до финалето, што си го зацртав како цел – изјави вчера тој.
Првите честитки Амел ги доби од својот ментор Масимо Савиќ, кој изјави дека нема да го остави сам во понатамошната кариера и нема да го заборави по само неколку месеци од крајот на шоуто, како што обично тоа го прават менторите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Масимо Савиќ го исполни Антички театар во Охрид до последно место: Се резервираа и терасите од куќите над Антички
-
Концерти на отворено на Антички театар и во Хераклеа: Масимо Савиќ и Каролина во Охрид и во Битола
-
Масимо Савиќ со видеопоздрав до македонската публика
-
Масимо Савиќ мора на операција: Никогаш ништо не ме болело олку