| четврток, 6 декември 2018 |

Масимо Савиќ мора на операција: Никогаш ништо не ме болело олку

Хрватскиот музичар Масимо Савиќ кон средината на април ќе мора да го оперира ‘рбетот. Тој за магазинот „Глорија“ призна дека повеќе еден месец трпи ужасна болка.

– Никогаш ништо не ме болело олку. Болките во грбот ги трпам веќе еден месец, откако на една танцова проба, вртејќи се околу својата оска, нагло се свртив на другата страна. Мислев дека сум истегнал мускул и дека ќе помине – вели Масимо.

Музичарот не изгледаше најдобро ни на неодамнешното доделувањеа на наградите „Порин“ во Сплит, каде што доби три златни статуетки.  До операцијата лекарите му ги ублажуваат болките со ласер и со магнет.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top