| четврток, 6 декември 2018 |

Амел го потпиша договорот, Масимо вети дека нема да го заборави

Како победник на втората сезона на „Икс-фактор“, Амел Чуриќ, вчера го потпиша ветениот договор со дискографската куќа „Менарт“, балканскиот застапник на „Сони мјузик“.

Пејачот најави дека за само неколку недели ќе ја објави првата песна, а на почетокот на есента го планира и првиот концерт, закажан за Загреб.

– Од самиот почеток на шоуто верував дека ова ќе биде мојата пресвртница во кариерата. После првите аудиции и одличните коментари од жирито и од публиката, почувствував дека има шанси да стигнам до финалето, што си го зацртав како цел – изјави вчера тој.

Првите честитки Амел ги доби од својот ментор Масимо Савиќ, кој изјави дека нема да го остави сам во понатамошната кариера и нема да го заборави по само неколку месеци од крајот на шоуто, како што обично тоа го прават менторите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top