| четврток, 6 декември 2018 |

Се урна руски воен авион Миг-29

Руски воен авион Миг-29 се урна во Краснодарската покраина на југот на Русија за време на рутинскиот тренинг, а пилотот се катапултирал и веќе е евакуиран од местото на несреќата, соопшти денеска руското Министерство за одбрана.

03072015165529_nm.mig29

– Авионот не носеше оружје. Пилотот се катапултираше, а го евакуираше спасувачки тим. Неговиот живот не е во опасност – наведе Министерството.

Ловецот паднал на ретко населено подрачје, а на земја нема материјална штета, тврди руското Министерство за одбрана.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top