| четврток, 6 декември 2018 |

Да се биде Џенифер во Холивуд не е баш најдобра идеја

Постојат неколку славни жени на светската музичка и актерска сцена чие име е Џенифер. Но, да се биде богат и славен не е гаранција за среќа, а Џенифер Гарнер, Џенифер Анистон, Џенифер Лопез, Џенифер Лоренс, Џенифер Лав Хјуит и уште некоја по име Џенифер и не се многу среќни, иако се славни и богати.

xenifer

Џенифер Гарнер

Ова убавица поминала 10 години со Бен Афлек во навидум совршен брак. Двојата неодамна објави дека се разведува. Џенифер за себе често тврдеше дека е всушност досадна личност, па можеби тоа било причината за опивањето на Бен, неговото коцкање и одење со други жени.

Џенифер Лоренс

Таа во последно време е повеќе позната по своите киксови отколку по улогите. Уште еднаш раскинала со Крис Мартин, а минатата година интернетот гореше поради нејзините хакнати разголени фотографии.

Џенифер Лопез

Таа можеби имала среќа во кариерата, но кога станува збор за љубовниот живот, никако не успеа да ја најде својата сродна душа. Се мажеше дури три пати, но ниеден брак не опстана. Сега е во врска со многу помладиот танчер Каспер Смарт, со кого неколку пати раскинуваа и се смируваа.

Џенифер Анистон

Таа се прослави со улогата во серијата „Пријатели“. Интересот за неа се зголеми кога започна врска со холивудскиот убавец Бред Пит, а уште повеќе се зголеми кога тој ја остави поради Анџелина Џоли. Џенифер навистина нема среќа во љубовта, мажите поради некоја причина ја напуштаат, а ниту патот кон олтарот не е лесен. Ја нарекуваат „старата мома на Холивуд“.

Џенифер Лов Хјуит

Таа не е ничија омилена актерка. Се појавуваше во филмови каде што улогите не беа ништо посебно. Кога конечно доби прилика да се појави во одличната серија ‘Criminal minds’, остана бремена, па така и таа работа пропадна.

Џенифер Хадсон

Оваа пејачка доживеала вистински хорор во приватниот живот. Во 2008 година Вилијам Балфур кој бил во врска со нејзината сестра, упаднал во куќата на семејството од Џенифер и ладнокрвно ги убил нејзината мајка, брат и внук. Судот му одбил можност да се брани со слобода, а во 2012 година бил осуден на три доживотни робии без можност за помилување. Не треба да се нагласува дека овој трагичен случај оставил трајни последици врз пејачката.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top