| четврток, 6 декември 2018 |

Во Хаг приведени над 200 лица поради полицискиот час

хаг

Полицијата во Хаг соопшти дека синоќа привела повеќе од 200 лица поради кршење на полицискиот час, а немирите во тој град продолжуваат веќе четврта ноќ по ред.

Протестите во делот од градот, кој се вика Шилдерсдвик, каде претежно живеат имигранти, почнаа во понеделникот поради смртта на имигрант од Карибите во полициски притвор.

Меѓутоа, ноќните немири не содржат никаква протестна порака.

Жителите барале од полицијата и политичарите да воспостави ред, а премерот Марк Руте изјави дека младите, кои фрлале со петарди и кои ги гаѓале полицајците со отпад се „ретардирани“.

Мајорот на полицијата Јозијас ван Артсен вети поостра акција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top