Поранешниот претседател на САД, Бил Клинтон, вчера и денеска во Ханој имаше средби со генералниот секретар на виетнамската Комунистичка партија, Нгуен Тронг, и со претседателот на Виетнам, Труонг Тан Санг. Двајцата виетнамски раководители посетата ја окарактеризираа како многу важна за натамошниот развој на добри односи меѓу САД и Виетнам.
Ваквите позитивни тонови, сметаат аналитичариете, се засновани на верувањето дека Хилари Клинтон има големи шанси да стане иден претседател на САД. Во Виетнам, семејството Клинтон го сметаат за голеи пријатели, особено поради тоа што Бил Клинтон ги обнови дипломатските односи меѓу САД и Виетнам, а како државен секретар Хилари Клинтон направила значајни чекоти кои придонеле за поголема нормализација на односите и зголемување на економската соработка.
Се проценува дека семејството Клинтон во голема мера како свој адут во предизборната кампања за нов претседател на САД ќе го упоребува и виетнамското прашање. Иако воената интервенција на САД, со пораз и повлекување, заврши во 1975 година, последиците, особено траумите од оваа војна, се важна политичка и социјална тема во државата.
При посетата на Бил Клинтон беше објавено дека претседателот на Виетнам, Тан Санг, есенва ќе претстојува во САД, каде што, покрај другото, ќе биде гостин на Фондацијата „Клинтон“, која во последниве 10 години имала значаен придонес во економскиот и социјалниот развој на Виетнам.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.