Бројот на загинатите во поплавите и во свлечиштата во северниот и во централниот дел на Виетнам се зголеми на 54 лица, соопштија денеска властите.
Ова, како што се наведува, е една од најсмртоносните временски непогоди што го погодиле Виетнам години наназад.
Спасувачите очајнички трагаат по 39 лица, кои се водат за исчезнати откако поројните дождови неделава погодија неколку провинција, а метеоролозите предупредуваат дека уште една голема бура надоаѓа.
Смртни случаи се забележани во шест провинции. Северната област Хоа Бинх, во која е прогласена вонредна состојба, е најзагрозена, со засега 17 мртви и 15 исчезнати, додека во централната провинција Тхан Хоа загина 14 лица.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.