| четврток, 6 декември 2018 |

Реми за Шкендија и пораз на Работнички

Трите македонски претставници во квалификациите за пласман во фазата по групи во Европа Лигата останаа без победа на стартот, откако вечерва Шкендија одигра реми, 1-1, со Абердин, а Работнички беше поразен во Талин од Флора со 0-1.

Два дена претходно и Ренова загуби во Скопје од Дачија со 0-1, што ги става во подредена положба нашите клубови пред реваншите.

shkendija-aberdin-4

Реномираниот шкотски клуб Абердин се најде на маки во дуелот со Шкендија на „Филип втори“ арена, но успеа со реми да се врати во Шкотска. Мекгин со погодок во 79. минута им донесе предност на гостите, а Кировски само 5 минути подоцна израмни на 1-1.

Играчите на Шкендија не искористија неколку зрели шанси за победа и помирен реванш во Шкотска.

shkendija-aberdin-8

Работнички загуби со 0-1 во Талин, а стрелец за Флора беше Гусев во 59. минута. реваншот е во Скопје за седум дена.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top