| четврток, 6 декември 2018 |

Моќта е во здружувањето-покажа промоцијата на 16-тиот број на „Лице в лице“

Дизајнери, актери, уметници, водители, архитекти, музичари, новинари, бизнисмени… пријатели на добрите иницијативи и поддржувачи на позитивните општествени промени.  Сите вчера вечер беа собрани на едно место по повод партнерскиот настан на компанијата „Кнауф“, уличниот магазин „Лице в лице“  и македонските дизајнери. На настанот се промовираше новиот 16-ти број на „Лице в лице“, а присутните имаа можност да бидат сведоци на претставување на нов производ – “Силни торби“ направени од реупотребени вреќи користени претходно за гипсени градежни материјали на компанијата „Кнауф“.

Lice v lice - Silni torbi  (9)

Десетте креативци, предводени од дизајнерката Ирина Тошева, а меѓу кои Иван Пе­тру­шев­ски (Флим), Ру­жи­ца Ман­ди­чев­ска (Ру­ки Чу­ки), Го­ран Костов­ски (Инд Ог), „Ди­зајн енд бе­рис“, Ни­на Си­мов­ска, „Омај­гад“, Тхе Ми­чо, Ем Еле­фант­ски, Мачка (Мар­јан Ди­миќ) и Драш (Дра­ган Ки­та­нов­ски) ставија свој авторски печат на 20-тина вреќи на Кнауф, кои имаат двојна намена: силни и издржливи, но и производ кој ги засилува ранливите сограѓани.

Lice v lice - Silni torbi  (3)

-Се надевам дека почесто ќе имаме вакви настани, во кои дизајнерската фела се обединува за добра кауза. Заеднички можеме вистински да дадеме придонес“, вели Ирина Тошева.

Lice v lice - Silni torbi  (7)

Средствата собрани од продажбата на уникатните дизајнерски торби, се наменети за Центарот за деца од улица.

-Свес­ни сме кол­ку мно­гу зна­чи под­др­шка­та од стра­на на ед­на ком­па­ни­ја ка­ко на­ша­та за да опстојат ва­кви­те ини­ци­ја­ти­ви. Ние, ка­ко оп­штес­тве­но од­го­вор­на ком­па­ни­ја, се­ко­гаш ба­ра­ме на­чин и средс­тва ка­ко ди­рек­но и транс­па­рент­но да при­до­не­се­ме во соз­да­ва­ње и раз­ви­ва­ње по­до­бро општес­тво, изјавија од компанијата Кнауф.

Lice v lice - Silni torbi  (4)

При­тоа, нагласија, пре­ку овој про­ект „Кна­уф“ демонстри­ра спло­те­ност и за­ед­нич­ка со­ра­бо­тка со гра­ѓан­ски­от се­ктор, со на­ме­ра да се на­пра­ват вид­ли­ви по­зи­тив­ни­те про­ме­ни во оп­штес­тво­то.

Извршната директорка на Асоцијацијата за истражување, комуникации и развој „Паблик” (издавач на  магазинот „Лице в лице”), Климентина Илијевски, рече дека моќта е во здружувањето и партнерствата кои уличното списание ги гради со повеќе организации, иницијативи, компании со кои што дели исти вредности.
„Парт­нерс­тво­то не е ин­стант ак­ци­ја што за­вр­шу­ва со ед­на за­ед­нич­ка актив­ност, ту­ку тоа ба­ра вложу­ва­ње и по­све­те­ност од две­те стра­ни, по­ста­ву­ва­ње јас­на цел и за­ед­нич­ко дви­же­ње кон неа. Зо­што да се из­ле­зе од зо­на­та на ком­фо­рот? За­ради по­до­бру­ва­ње на кор­по­ра­тив­ни­от уг­лед и креди­би­ли­тет, за­ра­ди уна­пре­ду­ва­ње на раз­во­јот на вра­бо­те­ни­те во ком­па­ни­и­те, за­ра­ди долгорочна­та ста­бил­ност и им­па­ктот што би го има­ле во за­ед­ни­ца­та со ос­тва­ре­но­то парт­нерс­тво“ , додаде Илијевски.

Новиот број на единственото улично списание во земјава, „Лице в лице“ се фокусира на темата „Партнерства“ и ја разгледува моќта на здружувањето и бенефитот што тоа го носи за заедницата и за општествтото.

Една од глав­ните цели на компанијата Кнауф, ко­ја е ед­на од во­деч­ки­те про­из­во­ди­те­ли на градежни ма­те­ри­ја­ли во Евро­па, е ди­рект­но и отво­ре­но да се вло­жу­ва во оп­штес­тво­то за­ра­ди пома­га­ње, пот­тик­ну­ва­ње и по­до­бру­ва­ње на со­ци­јал­на­та од­го­вор­ност на де­лов­ни­от се­ктор кон заед­ни­ца­та.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top