| четврток, 6 декември 2018 |

Паника во Вашингтон пред објект на воената морнарица (видео)

Објект на американската воена морнарица во Вашингтон е затворен, а на вработените им е речено да останат внатре по информациите за можен терористички напад. Видеоснимките покажуваат полициски возила и стотици полицајци на местото.

Истиот армиски комплекс беше сцена на напад во 2013 година кога Арон Алексис, поранешен соработник уби 12 лица, а тројца беа ранети.

Полицијата во моментот полицијата го претресува кампот а засега не се јавува за пронајдена жртва или напаѓач.

Полицијата е фокусирана на објектот од каде во 2013 година беше пукано.

Зградата е Команден центар за поморски системи, задолжена за нови и за одржување на воените бродови и подморници.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top