| четврток, 6 декември 2018 |

Исправање на една историска неправда

Глав­на­та ра­бо­та на Ко­ми­си­ја­та за ве­ри­фи­ка­ци­ја на фа­кти­те е за­вр­ше­на и мо­же да се оче­ку­ва за­о­кру­жу­ва­ње на про­це­сот на лу­стра­ци­ја во след­ни­те два ме­се­ца. Тие што за­ста­пу­ва­ле, од­нос­но пра­кти­ку­ва­ле вред­но­сен си­стем што е ве­ќе за­ме­нет со друг си­стем на вред­но­сти, тие, со ма­ли иск­лу­чо­ци, оста­наа до­ми­нант­ни во ин­сти­- ту­ци­и­те и во гра­ѓан­ски­от се­ктор ре­гру­ти­рај­ќи но­ви вој­ни­ци. За­тоа и нив­но­то спро­тив­ста­ву­ва­ње  и глас­ност про­тив лу­стра­ци­ја­та бе­ше тол­ку упор­но и агре­сив­но - оце­ну­ва пре­тсе­да­те­лот на Ко­ми­си­ја­та, То­ме Аџи­ев

Ко­ми­си­ја­та за ве­ри­фи­ка­ци­ја на фа­кти­те за по­ве­ќе од 300 ли­ца утвр­ди со­ра­бо­тка со ор­га­ни­те на др­жав­на­та без­бед­ност, а низ ра­це­те на лу­стра­то­ри­те „по­ми­наа“ по­ве­ќе од 30.000 ли­ца, по­ра­неш­ни и акту­ел­ни но­си­те­ли на јав­на функ­ци­ја, јав­на деј­ност или со јав­ни ов­ла­сту­ва­ња, ка­ко и кан­ди­да­ти за овие функ­ции. Ме­ѓу нив се нај­доа про­фе­со­ри, пи­са­те­ли, по­ра­неш­ни ми­ни­стри, по­ли­тич­ки функ­ци­о­не­ри, јав­ни лич­но­сти. Иа­ко на по­че­то­кот си­те го под­др­жу­ваа про­це­сот, не си­те по из­вр­ше­но­то лу­стри­ра­ње се сог­ла­си­ја со ра­бо­та­та на Ко­ми­си­ја­та. Пре­тсе­да­те­лот на ко­ми­си­ја­та, То­ме Аџи­ев, истак­ну­ва де­ка та­кви­те на­па­ди, пред сѐ, до­а­ѓа­ат од тие што по­ра­ди по­ли­тич­ки и иде­о­ло­шки по­бу­ди ги кр­ше­ле или огра­ни­чу­ва­ле ос­нов­ни­те сло­бо­ди и пра­ва на гра­ѓа­ни­те, а за сме­тка на тоа се здо­би­ле со при­ви­ле­гии за се­бе или за сво­и­те бли­ски и се­га се чув­ству­ва­ат за­сег­на­ти.

– Ко­ми­си­ја­та, и по­крај при­ти­со­ци­те со кои во кон­ти­ну­и­тет се со­о­чу­ва­ше од про­тив­ни­ци­те на про­це­сот на лу­стра­ци­ја­та, ра­бо­те­ше на­пор­но и по­све­те­но и ус­пеа, и пред пред­ви­де­ни­от рок, да ги ис­цр­пи прет­по­ста­вки­те и пла­ни­ра­ња­та за сво­јот ман­дат. И мо­жам да ка­жам де­ка еден иде­о­ло­шки про­цес што бе­ше оче­ку­ван од на­ши­те гра­ѓа­ни за ис­пра­ва­ње на ед­на исто­ри­ска не­прав­да, ко­ја не­кои лу­ѓе ја пра­ве­ле од по­ли­тич­ки и од иде­о­ло­шки по­бу­ди на сме­тка на де­мо­крат­ски­те и на гра­ѓан­ски­те пра­ва на ли­ца­та – жр­тви на тој ре­жим и суд­би­ни­те на нив­ни­те се­мејс­тва – е за­о­кру­жен. На­ша­та ра­бо­та сло­бод­но мо­же да при­вр­ши во на­ред­ни­от пер­и­од од еден до два ме­се­ца. Јас и чле­но­ви­те на Ко­ми­си­ја­та сме за­до­вол­ни од тоа што го по­стиг­нав­ме, а по­стиг­нав­ме мно­гу – ја оце­ни ра­бо­та­та на ко­ми­си­ја­та неј­зи­ни­от прв чо­век, То­ме Аџи­ев.

– По­крај огром­ни­те на­па­ди и от­пор на лу­стра­ци­ја­та од тие што за­ста­пу­ва­ле, од­нос­но пра­кти­ку­ва­ле вред­но­сен си­стем што е ве­ќе за­ме­нет со друг си­стем на вред­но­сти, тие, со ма­ли иск­лу­чо­ци, оста­наа до­ми­нант­ни во ин­сти­ту­ци­и­те и во гра­ѓан­ски­от се­ктор ре­гру­ти­рај­ќи но­ви вој­ни­ци. За­тоа и нив­но­то спро­тив­ста­ву­ва­ње  и глас­ност про­тив лу­стра­ци­ја­та бе­ше тол­ку упор­но и агре­сив­но. Но, де­ка Ко­ми­си­ја­та, ка­ко др­жа­вен ор­ган, бе­ше на пра­ви­от пат се по­твр­ди и пре­ку од­но­сот на ши­ро­ка­та јав­ност кон про­це­сот на лу­стра­ци­ја и кон Ко­ми­си­ја­та. Спе­ци­јал­ни­от из­ве­сту­вач на Обе­ди­не­ти­те на­ции за сло­бо­да­та на изра­зу­ва­ње­то, Френк ла Ру, пред две го­ди­ни ток­му во пра­вец на од­ви­ва­ње­то на на­ши­от про­цес на лу­стра­ци­ја из­ја­ви де­ка лу­стра­ци­ја­та во Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја се спро­ве­ду­ва ка­ко што тре­ба, јав­но и транс­па­рент­но и, ка­ко што ка­жа, таа е по­зи­ти­вен при­мер, до­бра пра­кти­ка – до­да­ва Аџи­ев.

За овој про­цес е важ­но сле­де­ње­то на европ­ски­те нор­ми и ди­ре­кти­ви, кои во де­та­ли го про­пи­шу­ва­ат од­ви­ва­ње­то на овој комп­ле­ксен про­цес, ка­ко и до­се­гаш­но­то ра­бо­те­ње на Ко­ми­си­ја­та, ко­ја се дви­же­ше во тој пра­вец и во сог­лас­ност со европ­ски­те стан­дар­ди – ве­ли пр­ви­от лу­стра­тор.

– Ка­ко што ка­жав, ние во на­ше­то до­се­гаш­но по­ста­пу­ва­ње, освен за­кон­ска­та ре­гу­ла­ти­ва на др­жа­ва­та, ги сле­дев­ме ре­зо­лу­ци­и­те и пре­по­ра­ки­те од Европ­ска­та уни­ја, ре­зо­лу­ци­и­те на Пар­ла­мен­тар­но­то со­бра­ние на Евро­па и дру­ги­те над­леж­ни суб­је­кти што се од функ­ци­ја за ве­ри­фи­ка­ци­ја на фа­кти. Во пос­лед­ни­те го­ди­ни, по до­не­су­ва­ње­то на за­кон­ски­те из­ме­ни, про­це­сот на лу­стра­ци­ја зе­де еден по­ши­рок за­мав, кој во сво­ја­та су­шти­на си ја оди­гра уло­га­та на обе­ло­де­ну­ва­ње на ви­сти­на­та, ис­пра­ва­ње­то ед­на го­ле­ма не­прав­да. За це­ли­от про­цес на лу­стра­ци­ја се важ­ни пре­по­ра­ки­те и европ­ски­те стан­дар­ди – истак­ну­ва Аџи­ев.

Рам­ка­та врз ко­ја се из­гра­ди про­це­сот на лу­стра­ци­ја во Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја беа две­те ре­зо­лу­ции на Пар­ла­мен­тар­но­то со­бра­ние на Со­ве­тот на Евро­па, од 1996 го­ди­на и од 2006 го­ди­на, но и пре­по­ра­ки­те од про­е­ктот „Ра­зо­ткри­ва­ње на скри­е­на­та исто­ри­ја – лу­стра­ци­ја во зем­ји­те од За­па­ден Бал­кан“ фи­нан­си­ран од Европ­ска­та уни­ја и од УСА­ИД, во кој во рам­ки­те на БТД – Бал­кан­ска до­вер­ба за де­мо­кра­ти­ја – Про­ект на гер­ман­ски­от Мар­ша­лов фонд, ме­ѓу дру­го­то, ја истак­наа и по­тре­ба­та да се под­го­тват и да до­не­сат се­оп­фат­ни за­ко­ни за лу­стра­ци­ја и де­ка при­ме­на­та тре­ба да го вклу­чу­ва не са­мо пер­и­о­дот до 1990 го­ди­на, ту­ку и пер­и­о­дот до до­не­су­ва­ње­то За­кон за сло­бо­ден при­стап до ин­фор­ма­ции од ја­вен ка­ра­ктер.

 

tema147-2

Ли­ста­та на лу­стри­ра­ни е дол­га и се­ри­оз­на

Аџи­ев не слу­чај­но збо­ру­ва де­ка спро­тив­ста­ву­ва­ње­то на лу­стра­ци­ја­та бе­ше упор­но и агре­сив­но, ка­ко и де­ка тие ли­ца оста­наа до­ми­нант­ни и во ин­сти­ту­ци­и­те и во гра­ѓан­ски­от се­ктор ре­гру­ти­рај­ќи но­ви вој­ни­ци. Ме­ѓу лу­стри­ра­ни­те, иа­ко без из­не­на­ду­ва­ње, се нај­доа и мно­гу звуч­ни ими­ња, по­ра­неш­ни ми­ни­стри, ка­ко и акту­ел­ни ви­со­ки функ­ци­о­не­ри во гра­ѓан­ски­от се­ктор. Меѓу поинтересните се Фрчкоски, Спасов, Милчин и други.

Љу­бо­мир Д. Фрч­ко­ски
По­ра­неш­ни­от ми­ни­стер за вна­треш­ни и за над­во­реш­ни ра­бо­ти, про­фе­сор на Прав­ни­от фа­кул­тет, Фрч­ко­ски, од 1992 го­ди­на до 1996 го­ди­на из­да­вал на­ред­би од иде­о­ло­шко-по­ли­тич­ки при­чи­ни со кои би­ле кр­ше­ни чо­ве­ко­ви­те пра­ва и сло­бо­ди. По­крај пр­вич­ни­от из­ве­штај, од Др­жав­ни­от ар­хив би­ле обез­бе­де­ни до­пол­ни­тел­ни до­ку­мен­ти од 15 до­си­е­ја во кои из­да­вал на­ред­би за сле­де­ње и за прис­лу­шу­ва­ње ли­ца што на­сто­ју­ва­ле ле­гал­но да фор­ми­ра­ат по­ли­тич­ки пар­тии или би­ле чле­но­ви на дру­ги пар­тии. Фрч­ко­ски из­ја­ви де­ка не бил воз­не­ми­рен по­ра­ди лу­стри­ра­ње­то и де­ка про­це­сот го сфа­ќа ка­ко по­ли­тич­ка од­маз­да.

Ѓор­ѓи Спа­сов
За по­ра­неш­ни­от ам­ба­са­дор, екс­ми­ни­стер за прав­да, ге­не­ра­лен се­кре­тар на СДСМ и сопс­тве­ник на аген­ци­ја­та „Реј­тинг“, Ко­ми­си­ја утвр­ди­ла де­ка со­ра­бо­ту­вал со служ­би­те за без­бед­ност во осум­де­сет­ти­те го­ди­ни. Не­го­во­то име го има во три лич­ни до­си­е­ја во Др­жав­ни­от ар­хив. Спа­сов да­вал по­да­то­ци за ли­ца по­ра­ди анар­хо­ли­бе­ра­ли­зам, за ли­ца што са­ка­ле да се во­ве­дат по­ли­бе­рал­ни сфа­ќа­ња во оп­штес­тво­то, од­нос­но до­си­е­ја­та би­ле фор­ми­ра­ни по­ра­ди иде­о­ло­шки и по­ли­тич­ки при­чи­ни. Спа­сов ка­ко аси­стент во Ин­сти­ту­тот за со­ци­о­ло­шки и за по­ли­тич­ко-прав­ни истра­жу­ва­ња да­вал ин­фор­ма­ции за но­ви­на­ри од вес­ни­кот „Сту­дент­ски збор“, кои са­ка­ле да во­ве­дат по­ли­бе­рал­ни ста­во­ви во вес­ни­кот што ќе ги ин­те­ре­си­ра­ат гра­ѓа­ни­те, а ини­ци­ра­ле и со­би­ра­ње пот­пи­си за под­др­шка на син­ди­кал­на­та ор­га­ни­за­ци­ја „Со­ли­дар­ност“ во Пол­ска.

Вла­ди­мир Мил­чин
Ко­ми­си­ја­та за ве­ри­фи­ка­ци­ја на фа­кти­те до­не­се ре­ше­ние де­ка пр­ви­от чо­век на Со­ро­со­ва­та фон­да­ци­ја во Ма­ке­до­ни­ја во ми­на­то­то со­ра­бо­ту­вал со тај­ни­те служ­би. Вла­ди­мир Мил­чин, иа­ко не­го­во­то до­сие не е об­ја­ве­но јав­но, тој се пре­поз­на во до­си­е­то „Дра­ма­тург“ во­де­но на 217 стра­ни­ци. Тој твр­де­ше де­ка е жр­тва, а не ко­дош. Пр­ви­от чо­век на Ко­ми­си­ја­та, То­ме Аџи­ев пак, твр­де­ше де­ка во до­си­е­то е наз­на­че­но де­ка ли­це­то би­ло сле­де­но од служ­би­те, но и де­ка би­ло нив­ни со­ра­бот­ник. „Дра­ма­тур­гот“ при­би­рал ин­фор­ма­ции за акте­ри­те и за ли­ца­та што се дви­же­ле во тие кру­го­ви. Спо­ред не­кои ин­фор­ма­ции во тоа до­сие се спом­ну­ва и поз­на­ти­от актер Ри­сто Ши­шков. Ви­ши­от суд ја по­твр­ди од­лу­ка­та на Ко­ми­си­ја­та, а су­дот во Страз­бур ја при­фа­ти жал­ба­та за лу­стра­ци­ја­та.

Сло­бо­дан Бо­го­ев­ски
Екс­ди­ре­кто­рот на УБК Сло­бо­дан Бо­го­ев­ски, исто та­ка, е лу­стри­ран по­ра­ди не­за­кон­ско из­да­ва­ње на­ло­зи за сле­де­ње ли­ца од по­ли­тич­ко-иде­о­ло­шки при­чи­ни. Во пер­и­о­дот од 1993 го­ди­на до 1995 го­ди­на, по на­ред­ба на Бо­го­ев­ски , то­га­шен по­тсе­кре­тар на СДБ, би­ле отво­ре­ни до­си­е­ја за гра­ѓа­ни од ма­ке­дон­ска и од ал­бан­ска на­ци­о­нал­ност, кои се во­де­ле под псев­до­ни­ми­те Ле­ви, Ка­ме­ле­он, Рим­ја­нин, Кен­гур, Де­ви­јант, Ка­ра­тист, Ма­ли­ша, Про­лет… Во ре­ше­ни­е­то за не­го­во лу­стри­ра­ње пи­шу­ва де­ка би­ле сле­де­ни по­ра­ди нив­ни­те ста­во­ви, спро­тив­ни на то­гаш­на­та по­ли­ти­ка на вла­де­е­ње. Тоа се пра­ве­ло со цел „на­ве­де­ни­те ли­ца да се ди­скре­ди­ти­ра­ат и да се при­ка­жат ка­ко не­при­ја­те­ли во Ма­ке­до­ни­ја“.

То­мис­лав Чо­крев­ски
Екс­ми­ни­сте­рот за вна­треш­ни ра­бо­ти за­ед­но со уште 11 ли­ца ја ор­га­ни­зи­ра­ле и ра­ко­во­де­ле ак­ци­ја­та „Те­мел“ за сле­де­ње на, то­гаш опо­зи­ци­ска­та, ВМРО-ДПМНЕ од сту­дент­ски­те про­те­сти во 1996 го­ди­на, па сè до про­ме­на на вла­ста во октом­ври 1998 го­ди­на. До­си­е­то е со­ста­ве­но од ил­јад­ни­ци стра­ни­ци за­пис­ни­ци, из­ве­штаи, фо­то­до­ку­мен­та­ци­ја и ана­ли­зи за пар­ти­ски­те актив­но­сти и за евен­ту­ал­ни­те пар­ти­ски рас­ко­ли во ВМРО-ДПМНЕ. Освен се­ди­ште­то на пар­ти­ја­та, би­ле сле­де­ни и прис­лу­шу­ва­ни и Љуб­чо Ге­ор­ги­ев­ски, До­ста Ди­мов­ска, Зо­ран Пе­тров­ски, Але­ксан­дар Фло­ров­ски, Ди­ми­тар Ди­ми­тров, Фи­лип Пе­тров­ски… Осо­бе­но би­ле пра­ве­ни ана­ли­зи на сту­дент­ски­те про­те­сти од 1997 го­ди­на и на сту­дент­ски­те за­ба­ви. „Те­мел“ би­ла не­за­кон­ска опе­ра­ци­ја спро­ве­де­на од иде­о­ло­шки при­чи­ни. За до­си­е­то „Те­мел“ е лу­стри­ран и по­ра­неш­ни­от ми­ни­стер за вна­треш­ни ра­бо­ти Си­љан Авра­мов­ски, кој ка­ко на­ред­бо­да­вец да­вал или одо­бру­вал дејс­тву­ва­ња со кои се кр­ше­ни ос­нов­ни­те чо­ве­ко­ви пра­ва и сло­бо­ди на гра­ѓа­ни­те по­ра­ди иде­о­ло­шко-по­ли­тич­ки при­чи­ни.

Ѓу­нер Ис­ма­ил
Екс­ми­ни­стер е лу­стри­ран ка­ко со­ра­бот­ник на служ­би­те, до­де­ка ра­бо­тел ка­ко про­фе­сор и кла­сен ра­ко­во­ди­тел во ед­но учи­ли­ште. Не­го­ви жр­тви во 1982 го­ди­на би­ле не­го­ви­те уче­ни­ци. Тој наг­ла­сил де­ка до­де­ка пре­да­вал мар­кси­зам и са­мо­у­пра­ву­ва­ње, дел од уче­ни­ци­те до­де­ка за­пи­шу­ва­ле во те­тра­тки­те на ме­ста­та ка­де што би­ле на­бро­ју­ва­ни др­жа­ви, го има­ле подв­ле­че­но или наг­ла­се­но име­то на „Ал­ба­ни­ја“. Клас­ни­от ра­ко­во­ди­тел во три из­ја­ви за по­ли­ци­ја­та при­ја­вил де­ка де­ца­та во кла­сот во сло­бод­но вре­ме „игра­ле оро“ пе­еј­ќи на ал­бан­ски ја­зик и уди­ра­ле на да­јре. СДБ не­го­ви­те из­ја­ви ко­ја сво­е­рач­но ги пи­шу­ва ги сме­та за ин­те­рес­ни про­тив уче­ни­ци­те од вто­ра и тре­та го­ди­на. Дел од уче­ни­ци­те за­вр­шу­ва­ат во за­твор.

Трен­да­фил Ива­нов­ски,
по­ра­неш­ни­от пре­тсе­да­тел на Устав­ни­от суд, бе­ше лу­стри­ран. Ко­ми­си­ја­та ед­ног­лас­но утвр­ди де­ка со­ра­бо­ту­вал со тај­ни­те служ­би. Се­пак, тој оста­на на функ­ци­ја­та отфр­лу­вај­ќи ги об­ви­ну­ва­ња­та. За не­го­во­то до­сие за со­ра­бо­тка со тај­ни­те служ­би ве­ле­ше де­ка е мон­ти­ра­но уште за вре­ме до­де­ка бил во сред­но учи­ли­ште во Стру­ми­ца. Твр­де­ше и де­ка во вре­ме до­де­ка бил ма­ло­ле­тен, врз не­го би­ла вр­ше­на тор­ту­ра од служ­бе­ник од тај­ни служ­би за без­бед­ност. Уп­ра­вни­от суд ја од­би не­го­ва­та туж­ба. Ива­нов­ски и пред управ­ни­те су­дии твр­де­ше де­ка бил жр­тва, а не ко­дош во по­ра­неш­ни­от си­стем. Не­гов стру­чен по­ма­гач во про­це­сот бе­ше уште еден лу­стри­ран со­ра­бот­ник, по­ра­неш­ни­от опе­ра­ти­вен ра­бот­ник во Упра­ва­та за др­жав­на без­бед­ност Иван Ба­ба­нов­ски. Тој до­да­ва­ше де­ка Трен­да­фил Ива­нов­ски во одре­ден пер­и­од ко­га бил ма­ло­лет­ник бил зап­ла­шу­ван и уце­ну­ван да би­де ин­фор­ма­тор на тај­ни­те служ­би.

Иван Ба­ба­нов­ски
е лу­сти­ран би­деј­ќи ка­ко по­ра­не­шен на­чал­ник во Служ­ба­та за без­бед­ност, за­ед­но со Тра­јан Пе­тров­ски, ги сле­дел Пе­тре М. Ан­дре­ев­ски, Бо­жин Пав­лов­ски, Ди­ми­тар Јо­нов­ски, Та­нас Лу­лов­ски, Ди­ми­тар Со­лев, Јо­ван Ко­те­ски, Жи­вко Чин­го, Ри­сто Ши­шков, Ан­те По­пов­ски, Иван Ча­пов­ски, Јо­зо Бо­шков­ски, Ма­те­ја Ма­тев­ски…

Пишува: Наум Стоилковски
(Текст објавен во 147. број на неделникот „Република“, 26.06.2015)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top