| четврток, 6 декември 2018 |

Новинарите палат свеќи во чест на Младенов

Новинарите палат свеќи за нивниот колега Никола Младенов, кој прерано замина од овој свет. На кејот на реката Вардар, кај Камениот мост, претставници на седмата сила и граѓани почитувачи на перото на Младенов се собраа за да му оддадат почит на сопственикот на неделникот и на дневниот весник „Фокус“. Лошата вест за заминувањето на Младенов ги затекна сите новинари. Неверување, надеж дека е направена некој грешка, дека не е вистина веста која се рашири… За жал, полицијата потврди. Автомобилот на Младенов излетал од автопатот во близина на Хиподром. Неговиот автомобил беше пронајден денес напладне…

Mladenov-sveki-02

Неговото семејство загуби посветен сопруг и татко. Ние, новинарите загубивме колега, пријател, борец за слобода на изразувањето… Замина Младенов,  но останува светла точка на македонското новинарство, од кого, како што посочи ЗНМ, ќе можат да учат иднините генерации новинари.

Mladenov-sveki-03

фото: Игор Ангеловски (Република)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top