Владо Георгиев ќе остане без куќата на море, бидејќи мајка му Борка и татко му Драгољуб одлучиле да го продадат имотот во неговиот роден град Херцег Нови и да му стават покрив над главата во Белград, пишува српски „Курир“.
Иако пејачот бил против тоа, бидејќи редовно ја користи викендицата со друштвото, родителите сакаат да го решат ова прашање што е можно поскоро, за да го наведат Владо да се смири, да се ожени и да основа свое смејно гнездо.
– Тоа што Владо се буни за продажбата е негов проблем. Тој не изгради куќата, па да се жали, таа е на мое име, ако сака нека си ја купи. Се шегувам се разбира, но навистина, ги носи другарите таму и тие само го експлоатираат. Цело лето е тука, јас не можам да одам поради друштвото, тој им плаќа ручеци, пијалоци, ги вози со бродот, затоа и нема стан во Белград. Преку глава ми е, нема друго, мора да се ожени – вели мајка му Борка.
Таа вели дека затоа што и двајцата нејзини синови живеат под кирија во Белград, со сопругот одлучиле да ја продадат викендицата и да им обезбедат нешто таму.
– Тука имаме стан, имаат место каде да престојуваат. Кога Саша и Владо доаѓаат во викендицата само се забавуваат, а нас ниту не прашуваат како живееме, само поминуваат и одат. Ние плаќаме и струја и вода и се останато. Многу се несериозни – вели таа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.