Пратеничката со турско потекло од германската левица Die Linke, Севим Дагделен, членка на Комисијата за надворешна политика на германскиот сојузен парламент предизвика жестоки реакции од говорницата во германскиот Бундестаг, кога ја обвини германската влада дека во нејзино присуство со Косово управуваат членови на терористичка организација којашто со терор ја преплави и соседната земја Македонија.
Дагделен изнесе сериозни обвинувања на сметка на владата во Приштина, која според неа, била составена од поранешни припадници на „терористичката организација“ Ослободителна војска на Косово (ОВК – УЧК) „во сенка на германските тенкови“ на Косово.
Таа во своето обраќање на 19-ти јуни на седницата на германскиот парламент рекла дека иако Германците во состав на КФОР се присутни на Косово веќе 16 години, не е остварена ниедна од целите, Косово да стане стабилно, мултиетничко и демократско општество.
Потсетила дека поранешните припадниците на ОВК, кои учествуваа во терористичкиот напад неодамна во Куманово, на Косово беа погребани како херои во присуство на високи функционери.
Според неа, Косово е местото од каде најмногу од Европа, заминуваат најмногу борци кои се борат на страната на Исламската држава, во Ирак и Сирија, и тоа „пред носот“ на НАТО и „војската која ја испративме таму“.
„Мислам дека Германија не може да продолжи со поддршка на големоалбанскиот национализам којшто го промовира ОВК и терористичките центри како Косово кои носат насилство не само во регионот, туку и на Блискиот исток“, изјавила пратеничката.
Таа нагласила дека во изминативе неколку години Косово го напуштиле стотици илјади Срби и Роми и поради тоа демографската рамнотежата била потполно уништена.
„Политиката на Германија никогаш не била неутрална. Не ни се потребни германски војници на Балканот коишто ќе поддржуваат една или друга страна и ќе застанат зад кршењето на меѓународното право. Нам ни треба враќање на меѓународното право, бидејќи само тоа може да биде основа за мирен соживот во Европа. Ова е чисто лицемерие“, рекла пратеничката.
Таа на крајот порачала дека клучот за траен мир во Европа е политика без двојни стандарди. Дагделен се заложила за тоа Германија да се врати на мирољубивата надворешна политика како Велика Британија и никогаш веќе, нејзините војници да не го напуштаат германската територија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Органите на Приштина на Север од денеска не постојат: Протести во Митровица, градоначалниците поднесоа оставки!
-
Милионски штети: Србија пресмета колку ќе изгуби поради блокираната трговија со Косово
-
Се одмаздуваат на Србија: Косово воведува 100 проценти царина на српската роба
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации