– Несомнено тешки денови се пред нас, но најмногу за грчкиот народ – изјави денеска германската канцеларка Ангела Меркел нагласувајќи дека „вратата за преговори со грчката Влада ќе биде отворена“.
Во говор во германскиот Парламент, таа појасни дека, сепак, „не може да има преговори за нова програма за поддршка, пред референдумот“.
Завршувајќи го своето обраќање, канцелaрката изјави дека влоговите се многу високи.
– Луѓето не гледаат. Но иднината на Европа ќе биде во опасност ако заборавивме на нејзините вредности. Тогаш еврото и Европа ќе бидат уништени – рече Меркел.
Според германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле, секаква дискусија пред референдумот е бесмислена.
– Ние секогаш сме биле посветени на договорите и правилата. Ако сите го правевме тоа, Грција немаше да биде во оваа очајна ситуација – изјави Шојбле.
Според него, новиот предлог на грчкиот премиер Алексис Ципрас до меѓународните кредитори, не бил појасен од претходните.
– Тој не се обезбедат дополнително појаснување. Нема основа за сериозни преговори со Атина во моментов. Пред се, Грција мора да биде јасна за тоа што го сака – рече Шојбле на прес-конференција на која ги презентираше германските буџетски планови.
Тој исто така рече дека не е во можност да предвиди што ќе се случи во наредните недели и дали земјата ќе има договорено нова програма до 20 јули кога мор да врати 3,5 милијарди на Европската централна банка.
– Ние сме отворени за се, но ситуацијата сега е сосема поинаква, отакако Грција не му плати на ММФ. Програмата за Грција сега е истечена и мора да се најде политичка волја за сосема нова програма, чии услови ќе бидат поинакви, и за кои ќе биде потешко да се преговара- рече Шојбле.
Во меѓувреме, Советот на Европа соопшти дека референдумот во Грција нема да биде во согласност со меѓународните стандарди, ако се одржи како што е планиран.
Генералниот секретар на Советот на Европа, Торбјорн Јагланд изјави дека според меѓународните стандарди, референдум треба да се одржи најмалку две недели откако ќе биде објавен, за да се овозможи доволно време за дискусија, јасно да се постави прашањето и да се повикаат меѓународни набљудувачи кои би го следеле гласањето.
Во Грција, пак, се очекува обраќање на премиерот Алексис Ципрас до нацијата. Vладини извори соопштија дека обраѓќањето доаѓа по објавувањето на новиот предлог на Грција кон ЕУ, ЕЦБ и ММФ и пред вонредната телеконференција на еврогрупата на која ќе се разговара токму за тој предлог.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.