| четврток, 6 декември 2018 |

Топлотен бран во Западна Европа

Летните температури во неколку европски држави се необично високи.  Во последните денови жешка воздушна маса од Африка се придвижи кон север поради што се зголемија температурите во Шпанија, во Португалија, во Велика Британија и во Франција.

parisguidetower

Во Париз се очекува попладне температурата да се искачи на 39 степени Целзиусови откако во југозападна Франција беа измерени 42 степени, а во јужниот шпански град Кордоба – 44 степени. Во Париз се отворени специјални климатизирани простории и се проверува како возрасните жители ја поднесуваат горештината. Во 2003 година илјадници луѓе починаа поради топлотниот бран.

Британските и италијанските власти исто така се подготвуваат за топлотниот бран.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top