| четврток, 6 декември 2018 |

Бесплатна изведба на „Травијата“ за крајот на оперската сезона

Македонската опера и балет (МОБ) ќе ја заврши оперската сезона на четврти јули, сабота, со најизведуваната и најпопуларна претстава „Травијата“, која ќе биде бесплатна за посетителите.

моб

Претставата е во режија на Нина Најденова од Бугарија, диригент е Дејан Савиќ од Белград.

Насловната улога (Виолета Валери-Травијата) ќе ја толкува сопранистката Благица Поп Томова, Зоран Сотиров ќе настапи во улогата на Алфред Жермон, а ликот на Жорж Жермон ќе го толкува баритонот Франческо Бајоки – гостин од Италија.

Бесплатните билети може да се подигнат на билетарницата на Македонската опера и балет, секој ден од 10 до 20 часот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top