| четврток, 6 декември 2018 |

„Стратфор“: Германија не смее да дозволи да се прошири бунтот на земјите-должнички

stratfor-greece-at-the-heart-of-the-eurozone-crisis.w_hr

Аналитичарот на „Стратфор“, Џорџ Фридман во својата најнова анализа оценува дека грчката криза е пресудна за Германија, која не смее да дозволи низ Европа да се прошири бунтот на земјите-должници против мерките за штедење. За него се неверојатни тврдењата дека излегувањето на Грција од еврозоната ќе доведе до колапс на еврото затоа што Грција е мала земја и не постои ниту една причина зошто нејзините постапки би имале толку далекусежни последици на заедничката валута, освен дека Грција би можела да постави преседан за сругиот дел од Европа, што претставува страв за Германија.

– Тоа не би се случило кога остатокот од Европа би бил во ред, но не е. Шпанија, на пример, има скоро еднакво страшни параметри на невработеност како Грција – 23 проценти. Според негово мислењ, илузија е дека ситуацијата во Грција, што е подобар израз од „криза“, сега кога толку долго се развива, конечно ја достигна крајната точка. Фридман смета дека крајна точка е моментот кога ни Грците ни Германците не можат да прават повеќе отстапки, додавајќи дека во смата Грција крајната точка е одамна минато.

Тој укажува дека платите, особено во државниот скетор, се намалени, невработеноста е 26 проценти, а повеќе од 50 проценти од младите под 25 години се невработени. Во меѓувреме силната економска активност се случува на неоданочениот илегален пазар.

– Грците должат пари на ЕУ и на ММФ, но никој никогаш искрено не помислил дека тие можат да ги вратат овие пари.Европските кредитори, конкретно Германците, кои ги контролираат преговорите со Грците, неодамна ја достигнаа својата крајна точка. Германците се моќни, но кршливи – смета Фридман.

Тој укажува дека Германија извозува околу четвртина од својот БДП производ во зона на европска слободна трговија, а сè што е закана за таа трговија е закана и за економијата и за социјалната стабилност на Германија.

– Целта на Берлин е да се зачува недопрено еврото, но и зоната на слободна трговија и моќта на Брисел над европската економија – истакнува Фридман.

Тој вели дека Германије досега ја избегнувала крајната точка на кризата со бескрајна низа на договори со Грција, кои Грците не можеле да ги почитуваат. Тоа никој не го ни очекуваше, но тоа му овозможи на Берлин да тврди дека Грците капитулирале пред геманските барања за штедење. Таа, наводна, капитулација ѝ помогна на Германија да ги држи под контрола другите задолжени европски земји.

Според зборовите на Фридман, за Германија, Грција претставува брана, а  што има зад браната е непознато. Германците не можеле да го толерираат ризикот на уривање на браната. Кога Грција радикално би ја променила политиката, би избегнала еконмска и социјална катастрофа, тогаш и другите европски земји би можеле да решат да го следат истиот пат.

– Затоа Германија сака да го спречи банкротот и да ја прикаже илузијата на грчката согласност. Другата опција била да се покажат болните последици на одбивањето на грција да продолжи да го игра првиот натпревар – смета Фридман.

Тој потсетува дека Сириза ги добила изборите поради обврската дека ќе ги ублажи мерките за штедење и со инсистирањето дека и доверителите ќе поделат поголем дел од товарот на долгот, додека германскиот став е дека должникот е морално одговорен за долгот.

Фридман вели, дека иако Грците биле неодговорни за безгрижното позајмување на пари, европски банки,  исто така, биле неодговорни што дозволиле да ги надвладее алчноста.

Тој оценува и дека грчкото повлекување од еврозоната има смисла. Тоа би создало хаос во Грција на некое време, но би овозможило Грцијте да преговараат со Европа под еднакви услови. Тие би ги плаќале долговите во драхми чија вредност ја утврдува грчката Централна банка и еднострано би можеле да ја одредуваат исплатата.

Финансиските пазари би биле затворени за Грците, но тие би имале моќ за валутна контрола како и врз трговските прописи, пренасочувајќи ја трговијата од Европа кон Русија или Блискиот Исток. Тоа баш не е иднина која ветува но иднина не е ниту ситуацијата во која сега Грција се наоѓа, нагласува Фридман.

Болката на Грција поради повлекувањето од еврозоната би била сериозна. Но, ако другите ги видат, ќе можат да пресметаат дека болката на реструктуирање на долгот има смисла.

– Стравот на доверителите е дека Грција може да отстапи од еврото не поради институционалниот колапс, туку и поради свеста дека суверената валута може да и помогне на нацијата во проблемот – заклучува Фридман.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top