Цариниците на граничниот премин „Морина“ на албанско-косовската граница, спречија шверц на 20 килограми хероин. Дрогата била откриена во камион со албански регистарски таблички, управуван од државјанин на Албанија. При контролата, цариниците ја пронашле дрогата, скриена во торба, под креветот за возачот во кабината на камионот.
Возилото било на влез во Албанија. Според првичните сознанија, возачот требало да ја внесе дрогата во Албанија, но нејзината крајна дестинација сѐ уште не е позната. Во меѓувреме во Албанија продолжува уништувањето на цели парцели засадени со марихуана. Во близина на Круја полицијата открила 11 парцели засадено со марихуана, при што уништила 1.050 стебла канабис.
При оваа акција е приведена 44-годишна жителка на Круја.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Органите на Приштина на Север од денеска не постојат: Протести во Митровица, градоначалниците поднесоа оставки!
-
Милионски штети: Србија пресмета колку ќе изгуби поради блокираната трговија со Косово
-
Се одмаздуваат на Србија: Косово воведува 100 проценти царина на српската роба
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации