Само неколку дена по шокантниот напад во Тунис каде беа убиени 38 туристи од западноевропските земји, терористичката организација ИСИС објави нова видео-снимка на која се гледа како ликвидираат судии во Египет.
На вознемирувачката снимка се гледа како терористите со автомобил и со подготвени автоматски пушки се доближуваат до комбе во кое, како што објавија египетски медиуми, се наоѓале тројца значајни судии и обвинители во таа земја.
Нападот трае неколку секунди, но напаѓачите истрелаа повеќе стотици куршуми во телата на патниците во комбето. Според фотографиите кои се објавени подоцна, може да се види дека жртвите, како и комбето, се целосно изрешетани.
Како што пренесоа египетските медиуми, огранокот на ИСИЛ во Египет претежно се занимава со ликвидација на владини функционери.
Ден претходно во Египет експлодира и автомобил бомба при што загина Хишар Баракат, најзначајниот египетски обвинител, кој е заслужен што голем број исламисти во Египет, по пресудата на Мохамед Морси, завршија зад решетки.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Да гласаме за нашите: Македонската судиска двојка номинирана за најдобра во светот
-
Обвинет за сексуален напад ја лажирал својата смрт за да избегне затвор
-
Напад во Мелбурн: Прво се забил со возило, па напаѓал со нож
-
Мајка му помагала на повредените, без да знае дека Владислав е крвопролевачот од Крим