| четврток, 6 декември 2018 |

ИСИС брутално ликвидираа египетски судии од возило во движење (вознемирувачко видео)

Само неколку дена по шокантниот напад во Тунис каде беа убиени 38 туристи од западноевропските земји,  терористичката организација ИСИС објави нова видео-снимка на која се гледа како ликвидираат судии во Египет.

isis4

На вознемирувачката снимка се гледа како терористите со автомобил и со подготвени автоматски пушки се доближуваат до комбе во кое, како што објавија египетски медиуми, се наоѓале тројца значајни судии и обвинители во таа земја.

isis

Нападот трае неколку секунди, но напаѓачите истрелаа повеќе стотици куршуми во телата на патниците во комбето. Според фотографиите кои се објавени подоцна, може да се види дека жртвите, како и комбето, се целосно изрешетани.

isis1

Како што пренесоа египетските медиуми, огранокот на ИСИЛ во Египет претежно се занимава со ликвидација на владини функционери.

isis3

 

Ден претходно во Египет експлодира и автомобил бомба при што загина Хишар Баракат, најзначајниот египетски обвинител, кој е заслужен што голем број исламисти во Египет, по пресудата на Мохамед Морси, завршија зад решетки.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top