Џон Гвидети е еден од најталентираните шведски фудбалери и вистински бисер за интервјуа. Репрезентативецот на Шведска за играчи до 21 година ќе игра во финалето на ЕП против Португалија, а со интервјуте по победата над Данска во полуфиналето ќе влезе во аналите на фудбалот со дел од најбизарните постфудбалски изјави.
– Ние сме најдобри, останатите можат да си одат дома. Данска е најлошиот тим против кој сум играл. Треба да се срамат. Нека си одат дома, Шведска е број 1 во Скандинавија – е само дел од изјавата на Гвидети за шведската телевизија по победата од 4-1 во локалното дерби на Скандинавија.
Гвидети постигна еден гол против Данците од пенал за 1-0, а потоа му асистираше на Тиблинг за вториот погодок. Напаѓачот на Манчестер сити има и настапи за сениорската селекција на Шведска.
Погледнете го бизарното интервју на Гвидети по мечот со Данска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)