| четврток, 6 декември 2018 |

Премиерата на претставата за Хари Потер следната година во Лондон

Британската авторка Џоан К. Роулинг најави дека претставата за Хари Потер ќе биде премиерно изведена во 2016 година на Вест Енд во Лондон.

joan-roling-540x304

Претставата  „Хари Потер и проколнатото дете“ ќе го донесе „нераскажаниот дел“ од приказната за детето волшебник, вклучително и приказната за животот на неговите убиени родители, напиша Џоан К, Роулинг на „Твитер“ без да навлезе во поединости од претставата.

Влезниците ќе се продаваат од есенва, а претставата ќе се изведува во „Палас театар“ во летото 2016 година.

Роулинг, исто така, објави дека изминаа точно 18 години откако е објавена првата книга за Хари Потер – „Хари Потер и каменот на мудреците“, како и дека на претставата соработува со писателот Џек Торни и со режисерот Џон Тифани.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top