Приврзаниците на Исламската држава му се заканија на Балканот, а според политичките аналитичари можни се напади и во овој дел од Европа. Во Србија е подигнато нивото на безбедност на повисоко ниво и се предупредува на внимание, особено на масовни собири.
– Секое масовно присуство на разни спортски, забавни и други манифестации каде што ќе има поголем број луѓе се можни цели на припадниците на ИСИС. Треба да се внимава – изјави политичкиот аналитичар Мирослав Лазански.
Во Македонија засега нема сигнали за присуство на припадници на ИСИС, но ќе има манифестации што ќе бараат зголемено ниво на бебзедност. В четврток во меч од квалификациите за Лигата на Европа на УЕФА тетовска Шкендија ќе игра против шкотски Абердин во Скопје на националната арена „Филип Втори“. Меч на кој ќе има голем број навивачи на Шкендија, патем, најавено е доаѓање и на стотина симпатизери на шкотскиот клуб, што е причина за посебно внимание од безбедносен аспект.
Дуелот ќе се игра од 21,05 часот, а утре и Ренова ја почнува евроодисејата во истото натпреварување во истиот термин и на истиот стадион против молдавска Дачија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



