Терористот што уби 39 луѓе на плажа во одморалиштето Сус во Тунис, имал и соработници, соопштија туниските официјални лица.
Портпаролот на тамошното МВР, Мохамед Али Аруи, рекол дека властите се сигурни дека Сејфедин Резгуи имал соработници. Властите вовеле засилени мерки на обезбедување во одморалиштата во земјата по нападот за кој одговорност презеде ИСИС.
„Би-Би-Си“ пренесува дека меѓу жртвите има најмалку 30 државјани на Велика Британија. Лондон испратил 16 полицајци во Тунис, а уште неколку стотини работат на овој случај во Британија. Тоа е една најголемите антитерористички истраги од бомбашкиот напад во Лондон во 2005 година.
Истражителите во Тунис веруваат дека осомничените соработници му обезбедиле автоматска пушка „калашников“ на Резгуи и му помогнале да дојде до местото на нападот. Полицијата го испитува и таткото на напаѓачот, како и тројца мажи со кои тој живеел, но не е прецизирано дали тие се осомничени за вмешаност во нападот.
Луѓето што го познавале напаѓачот се шокирани од тоа што се случило. 23-годишното момче се занимавало со брејкденс и бил голем навивач на Реал Мадрид.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Нападот во Амстердам е терористички чин: Сторителот и признал на полицијата
-
Крваво утро во Стокхолм: Експлозија во близина на метро станица, маж се бори за живот (видео)
-
Бомба во цевка одекнала на една од најпрометните автобуски станици во Њујорк: Уапсен еден осомничен, од јакната му виселе жици (фото – видео)
-
Постојано се зголемува бројот на загинати: Досега 235 загинати во терористичкиот напад во Египет