Владата во Атина доцна синоќа соопшти дека нема да има ограничување за странските туристи при подигнување пари од банките во таа земја, пренесува АФП.
Истовремено, грчката влада реши туристите што престојуваат во Грција и сопствениците на кредини картички издадени во други земји да не бидат погодени од мерките за контрола на капиталот.
– Секој што ќе ја посети или има намера да ја посети Грција нема да биде погоден од мерките за контрола на капиталот што се воведени пред неколку часа и тие нема да се однесуваат на посетителите што сакаат да извршат трансакции или да подигнат пари со кредитна картичка изадена во нивната земја – се наведува во соопштението на грчката влада.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Тепачка за пари, полицијата го блокирала цел град: Банкомат давал 100-ки наместо 10-ки (видео)
-
Расистички скандал во Грција: Коментатор нарече црномурест играч „мајмун“
-
Нова демократија: Владата се наоѓа во распаѓање поради Договорот од Преспа
-
Воружен инцидент на границата со Грција: Војници на АРМ отвориле оган во обид да спречат поголема група мигранти да влезат на македонска територија!