| четврток, 6 декември 2018 |

Грција: Странците без ограничувања за подигнување пари

bankomat grcijaВладата во Атина доцна синоќа соопшти дека нема да има ограничување за странските туристи при подигнување пари од банките во таа земја, пренесува АФП.

Истовремено, грчката влада реши туристите што престојуваат во Грција и сопствениците на кредини картички издадени во други земји да не бидат погодени од мерките за контрола на капиталот.

– Секој што ќе ја посети или има намера да ја посети Грција нема да биде погоден од мерките за контрола на капиталот што се воведени пред неколку часа и тие нема да се однесуваат на посетителите што сакаат да извршат трансакции или да подигнат пари со кредитна картичка изадена во нивната земја – се наведува во соопштението на грчката влада.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top