Тим на Меѓународниот монетарен фонд од денеска до 8 јули ќе престојува во Скопје со цел спроведување на Годишниот преглед на македонската економија.
Според ММФ, тимот предводен од Џесмин Рахман на крајот од посетата ќе соопшти прелиминарни оцени и ќе го подготви целосниот извештај, за кој ќе се дискутира на состанок на Извршниот борд на ММФ, чијшто датум ќе биде објавен дополнително.
Посетата на тимот на ММФ е дел од редовните активности на Меѓународниот фонд за следење на состојбите со економијата што се вршат во сите 188 земји-членки.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.