Капитенот на ФК „Хоризонт“ Турново, Сашко Пандев денеска се ожени со ќерката на сопственикот на ФК „Хоризонт“, Ивана Тодорова, јави порталот Струмицанет.
Сашко e брат на најдобриот македонски фудбалер Горан Пандев. Отсега Орце Тодоров и официјално ќе го има зетот во својот фудбалски тим, а можеби пред крајот на кариерата ќе го убеди и сватот Горан Пандев една сезона да го носи дресот на турновци во тандем со брат му Сашко, коментираат спортските интернет портали.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.