| четврток, 6 декември 2018 |

Косовец од Приштина загинал кај Кобане во борбите на Курдите против ИД

CIg9mqBUMAAfBfvВо жетоките борби во Кобане убиен е првиот Албанец кој се борел против џихадистите на ИД, а на страната на Курдите. Станува збир за Рефик Хорози (60) по потекло од Приштина.  Тој кон трупите на Курдите им се придружил на 15 септември 2014 година за да се бори против неправдата и масакрите на ИД. Курдските медиуми му посветиле посебен простор на Хорози, кој без оглед на годините рамо до рамо се борел со курдските војници.

puskaСпоред неговите сооборци Хорози, кој никогаш не криел дека е по потекло Албанец од Приштина, а со труско државјанство, од самиот почеток на окупацијата на Кобане од страна на џихадиситте, 14 септември 2014 па се до последниот ден од животот останал дел од курдските војници.  Тој е роден бил во Синоп, северна Турција, каде неговите родители се населиле откако го напуштиле Косово, пишува приштинскиот весник „Експрес“.

Весникот додава дека наспроти храбриот Хорози, за кого не биле важни гоидните за да се бори за правда, на страната на ИД се борат над 200 косовски Албанци.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top