Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ брои 51.000 членови, што е околу 30 осто од вкупниот број членови на партијата кој достигна 170 илјади, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Никола Груевски во обраќањето на 24. годишна конференција на партиската УМС. Унијата, оцени, е сериозен фактор и во партијата и во државата, меѓународно активна и присутна секаде меѓу најзначајните подмладоци на најмоќните партии од Европа и светот, учествува во реформите инапредокот на Македонија и во креирањето на партиските, а преку нив и на државните политики.
Претседателот на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ Владимир Нелоски рече дека УМС со својот креативен потенцијал и желба за напредок беше, е и ќе биде движечка сила во Македонија.
– Нашата генерација денес ја има најтешката задача досега. Денес одлучуваме дали успешно ќе продолжиме да се бориме и да ја градиме нашата држава, како економски лидер на баканот, инвестициски лидер во регионот, земја на можности за сите, или пак ќе одлучиме да се вратиме на почетокот, наведе Нелоски и додаде дека нивната генерација одлучила да не се враќа на почеток, туку да продолжи со уште посилно темпо да совладува уште поголеми предизвици и успеси.
Според Нелоски, Македонија денес дава подобри можности за живот на секој млад човек. Од 2007 година досега вработени се над 15.000 млади. Само преку мерката за вработување млади до 29 години се вработени над 9.000 млади, или вкупно 24.000 млади во овој период, рече Нелоски, истакнувајќи дека младите денес имаат многу можности преку образоанието да градат кариери.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Протестен марш на ВМРО ДПМНЕ во 17 часот (во живо)
-
Отворено и транспарентно: ВМРО-ДПМНЕ со Јавен повик за кандидирање на членови на Комисии
-
Стоилковски: Заев и Спасовски да одговорат колку Иван Савидис е економски присутен во Македонија и дали има поврзаност со Владата
-
Што говореше за Уставот пред да се предомисли предавничката Александрова и да ги гласа измените? (видео)