Албанската полиција ги уапси браќата Алико, 18 и 20 годишни, кои се осомничени се одговорни за убиството на полицаецот во селото Лазарат. Полисицки сили од 500 полицајци и хеликоптери ги пронашле како се кријат во воена скривница во шума на околу 18 километри подалеку од селото. Министерот на полицијата Саимир Тахири го поздрави апсењето на одговорните. Полицаец, поранешен војник што се борел во Авганистан и во Ирак, беше убиен откако неговиот тим им помогнал на колегите врз кои бил отворен оган.
Според наводите на обвинителството, браќата обучувале десетици момчиња минатите шест месеци како да се справат со полицијата за да се обнови производството на канабис во Лазарат, една година по големата полициска акција во селото во Албанија, кога беа уништени 71 тон канабис, пет килограми хероин, четири тони семиња канабис и 17 литри масло од канабис. Беа запленети и 500 парчиња оружје и половина милион куршуми.
Италијанската полиција проценува дека Лазарат во 2013 година произведувал канабис во вредност од 4,5 милијарди евра.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)