Претседателот на Перу Олјанта Умала ја укина вонредната состојба во северната амазонска провинција Алто Улјага, позната по нелегално одгледување на кока и како поранешно засолниште на маоисточките партизани од Сендеро луминосо, воведена пред 30 години.
Умала објави за укинувањето на вонредната состојба неколку часа откако полицијата објави дека конфиксувала логистика, сопственост на Сендеро луминосо во таа зона.
Конфликтот меѓу партизаните од Сендеро луминосо и Владата и нанесе голема штета на земјата меѓу 1980 и 2000 година, период во кој загинаа 70 илјади лица, а 15 илјади беа прогласени за исчезнати.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.