| четврток, 6 декември 2018 |

Младите Португалци ја дупнаа мрежата на Тер Штеген, 5-0 против Германија за финале на ЕП

porto

Португалската репрезентација за фудбалери до 21 години одигра феноменален меч и со неверијатни 5-0 ја декласира Германија во полуфиналето на ЕП во Оломуц, Чешка.

Европскиот првак со Барселона, голманот Марк Андре Тер Штеген настрада од ефикасните Португалци, кои му дадоа 5 гола, а имаа шанси да постигнат барем уште толку.

Фудбалската рапсодија ја најави Бернардо Силва со погодок во 25. минута, а потоа Рикардо Силва, Кавалеиро, Марио и Орта по еднаш ја тресеа германската мрежа на немоќниот голман Тер Штеген.

Ваков пораз од 0-5 не се памети во историјата на германскиот репрезентативен фудбал, а на мака беше и легендарниот Хорст Хрубеш, кој е селектор на селекцијата до 21 година. Срамот на Германците само го филуваше Битенкур со неспортски потег во финишот кога заработи и црвен картон.

Од 21 часот во второто полуфинале ќе играат Шведска и Данска.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top