Денис Истомин и Белинда Бенчиќ ги освоија титулите на последните турнири пред стартот на Вимблдон и патуваат за Лондон во победничко расположение.
Истомин во два тај-брејка со 7-1 и 8-6 во поени го изненади фаворитот Сем Квери и го освои трофејот на АТП турнирот во Нотингем.
Швајцарската тениска надеж Бенчиќ стаса до пехарот во Истбурн на реномираниот тениски турнир на трева. Во финалето 18-годишната девојка во три сета беше подобра од Агнешка Радванска и славеше со 6-4, 4-6, 6-0. И тука аутсајдерот го победи фаворитот, барем според моментниот рејтинг на светската тениска листа. Бенчиќ е 31-рангирана, а Радванска е на 13. позиција на ВТА листата.
Вимблдон почнува во понеделник.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.