Четиринаесетгодишниот струмичанец Трајче Георгиев успеа да стигне до суперфиналето на „Пинкови ѕвездички“, кое ќе се одржи на 4 јули.
Трајче настапи со „If I Ain`t Got You“ од Алиша Кис, и повторно доби одлични критики од жирито.
Синоќа натпреварувањето со најмалку гласови го напуштиј Никола Миленковиќ и Ирина Арсенијевиќ, кои добија најмалку гласови од публиката.
Кој ќе биде „Пинкова ѕвездичка“ ќе одлучи публиката со СМС гласање, кое е отворено секој ден до суперфиналето.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.