Во денешниот напад врз туристи во тунискиот град Сус загинаа 37 луѓе, а 26 се повредени, соопшти туниското министерство за здравство. Инцидентот се случи кога маж вооружен со автоматска пушка упадна во хотелот и почна да пука.
– Имаме 37 загинати и 26 повредени. Никој од повредените не е во критична здравствена состојба, изјави портпаролот на Министерство за здравство Шокри Нафти, кој не ја соопшти националноста на жртвите.
По неколку часовна престрелка, откако беше извршен нападот во хотелот „Риу империјал мархаба“ во тунискиот град Сус, полицијата уапси еден од напаѓачите. Луѓето кои се најдоа во близина, а кои веројатно биле мета на нападот, се нафрлија врз уапсениот, во намера да го линчуваат како освета за извршените убиства.
Терористичкиот напад се случи во градот Сус, во два хотела каде престојувале претежно странски туристи. Инцидентите се случија откако вооружени лица влегле во хотелите и отвориле оган врз туристите. Еден од напаѓачите бил убиен во престрелка со тамошната полиција, при што повеќе светски медиуми објавија фотографии од неговото мртво тело, како и од „калашниковот“ со кој го извел нападот.
Од сведоштва на луѓето кои биле на местото на нападот, сe почнало многу брзо, при што напаѓачите без предупредување почнале да пукаат врз луѓето кои во тоа време биле на плажата. Во првичниот напад убиени се повеќемина од туристите, по што крвавиот поход продолжил и во хотелите, каде луѓето, бегајќи во паника, се обиделе да се сокријат. Терористите оделе од соба во потрага по туристи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Тероризам во Ирска? Се испитуваат методите за убиството на еден маж на среде улица
-
Оперскиот пејач Дурловски ќе одговара за тероризам, а терористите кои убија деца на Смилковско на слобода
-
Приведени деветмина во Атина: Се сомневаат дека подготвувале терористички напад
-
САД: Терористите подготвуваат уште еден 11 септември