Изгледа дека не сите девојки разбираат дека кучето е најдобриот пријател на човекот. Имено, на американски интернет огласник се појавил интересен оглас. Девојка барала дечкото со кој живеела да избере меѓу неа и кучето, но не го очекувала ваков оглас.
„Мојата девојка не ја сака мојата кучка Моли. Па мора да и најдам нов дом. Таа е чистокрвна, од добро семејство. Има четири години, сака да си игра. Не е многу дресирана. Има подолги влакна па бара повеќе внимание, особено околу ноктите. Знае да лае цела ноќ, а додека јас работам таа спие. Јаде само најдобра и најскапа храна. НИКОГАШ нема да ве поздрави на врата ниту да ве утеши кога сте разочарани. Не гризе, но знае да биде лоша. Затоа, има ли некој заинтересиран за мојата 30-годишна себична, опасна спонзоруша од девојка? Дојдете по неа, моето куче и јас ја сакаме надвор од куќата што поскоро!“
По два дена, се појавил додатен текст на огласот.
„Жал ми е , веќе не е достапна, повторно ја вдомија нејзините одгледувачи- родителите. Моли и јас бараме нова :)“
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.