Хрватската ХДЗ на предлог на лидерот Томислав Карамарко официјално почна иницијатива меѓубнародниот аеродром во Загреб да го носи името „Фрањо Туѓман“, со што, како се нагласува ќе се даде заслужено признание на првиот хрватски претседател.
-Не радува тоа што по деценија и половија обиди за „Детуѓманизација“ претседателот на СДП Зоран Милановиќ, макар и во предизборни цели, почна да ги прифаќа нашите ставови и да ги осознава историската улога и големината на Фрањо Туѓман- посочуваат од партијата. Од таму веруваат дека Милановиќ и неговата партија ќе ја поддржат оваа иницијатива за преименување на аеродромот.
-Со тоа- додаваат- ќе потврдат дека Хрватска може да функционира и по принципот „И ние и тие“, а не по неговата (на Милановиќ) закана, „Или ние или тие“- велат од ХДЗ. Од таму посочуваат дека признанието кон Туѓман ќе биде еднакво со Франција, каде аеродромот го носи името Шарл Де Гол, САД- по Џон Ф. Кенеди, Турција по Кемал Ататурк, Полска каде аеродромот се вика Лех Валенса.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.