| четврток, 6 декември 2018 |

Терористот од Франција работел кај обезглавената жртва

francija policijaШеф на претпријатие од Рона, беше обезглавен денес за време на терористичкиот напад во индустриски објект во Изерм во близината на Лион во Франција. Станува збор за работодавачот на осмниченото лице, кое е иднетификувано како Јасин Салхи, жител на Сен-Приест, во близината на Лион, кој беше уапсен по нападот.

Главата на жртвата беше пронајдена на оградата од фабриката на американскта група Ер Продуктс во  Сант Кантан-Фалавие, опкружена со исламистички знамиња. Телото на жртвата беше пронајдено во претпријатието, според истиот извор.

Ова прва жртва на тероризмот во Франција на која и е отсечена глава, практика широко распространета во Сирија од страна Исламската држава. Жртвата е маж на 45 години, кој раководеше со транспортно претпријатие и располагаше со дозвола да влегува во кругот на фабриката Ер Продукт, каде беше извршен нападот, недалеку од аеродормот во Лион.

Претседателот Франсоа Оланд од своја страна најави засилување на антитерористичкиот план Вижипират, кој е подигнат на максимално ниво.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top