| четврток, 6 декември 2018 |

Боби замина кон Кратово, сѐ е подготвено за „Златните денови“

16988_893536937358715_1969681169339266754_n

Уште само неколку часа до почетокот на „Златни денови – Кратово“. Сѐ е подготвено за овогодишното издание на манифестацијата која викендов ќе собере музичари од Балканов и од Македонија на едно место.

Капацитетите се пополнети, се бара место повеќе во хотелите и во апартманите.

Во Кратово кани и Боби Мојсоски, кој ќе настапува вечерва заедно со неговите колеги од „Икс-фактор“.

Боби Мојсовски патува накај Кратово за вечерашниот настап со сите Х-Фактор ѕвезди. Кандидатите од најгледаното музичко шоу на Балканот ќе приредат вистинска забава на сцената на Златни Денови во Кратово. Боби и останатите ѕвезди од Х Фактор настапуваат вечерва.

Posted by Zlatni Denovi Kratovo on петок, 26 јуни 2015

Официјалниот почеток на вечерната петочна програма е закажан за во 20 часот и 30 минути, која ќе биде во чест и посветена на неповторливиот македонски народен пејач, Јонче Христовски, чии песни ќе бидат изведувани од страна на Виолета Томовска, Јордан Митев, Атина Апостолова, Ефто Пупиновски и Блага Петреска. Истите ќе бидат придружувани од оркестарот Академци под водство  на маестро Сашо Ливрински.

Во продолжение на вечерта ќе настапат ѕвездите од овогодинешниот Х ФАКТОР,Боби Мојсовски, Давид Темелков, ИВА и Night Control, како и нашиот минатогодишен победник и претставник на овогодинешниот избор на Евровизија. Оваа вечер на главната бина ќе можеме да уживаме и во енергичниот настап на Куку Леле.

Забавата за присутните ќе продолжи и после полноќ, на базенот во Кратово, каде по 01:00 часот ќе настапат  ДЈ Дела,  ДЈ Жак и ДЈ Кокс.

Директен пренос од Златни Денови Кратово ќе има на „Сител Телевизија“.

За детални информации може да ја погледнете и страната на Златни Денови Кратово 2015 на „Фејсбук“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top