Министрите за финансии од еврозоната ги прекинаа разговорите за грчката криза и се уште не е познато кога тие ќе бидат обновени, јави ДПА.
Ирскиот премиер Енда Кени изјави дека средбата повторно била одложена.
– Изгледа дека има проблеми со претставувањето на документи, кои се мошне важни, изјави Кени при пристигнувањето на самитот на ЕУ.
– Сметам дека министрите за финансии се безпосмошни, бидејќи не располагаат со бројки, со кои можат да работат и да нудат различни предлози, кои може да бидат позитивни за растот на економијата на Грција и за создавање на работни места за Грците, рече ирскиот премиер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.