Водечката ПР агенција „Sunshine Sachs“, кои ја користат светските ѕвезди, откри дека преправале податоци за Наоми Кембел на Википедија, а сето тоа затоа што поранешната манекенка сакала да биде претставена во што поубаво светло.
Претставниците од агенцијата „Sunshine Sachs“ признаа дека го извришале описот на Наоми албумот од 1994 година. „Babywoman“ каде пишуваше дека бил целосно промашување во комерцијална смисла и дека критиката го дочекала на нож .
Корисникот на Википедија, кој се идентификуваше како службеник на спомнатата агенција, тврди дека се избришани и деталите од нејзината поранешната врска со Мајк Тајсон, како и делови од обвинението против Наоми поради напад.
Целата работа откриена е од луѓето од Вики Стратеџи, блог кој ја истражува неетичката пракса на Википедија, што може да едитира кој и да е.
„Sunshine Sachs“ неодамна беше принуден да го брани и Бен Афлек, кој побара од една ТВ емисја да се избришат податоците за неговите зборови кои биле робовладетели.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.