| четврток, 6 декември 2018 |

Нова инвестиција во општина Гази Баба

Градоначалникот на општина Гази Баба, Тони Трајковски и генералниот директор на фирмата Мак Аутостар Зоран Марковски, потпишаа договор за продажба на државно градежно неизградено земјиште.

gazi baba

Оваа постапка се спроведуваше согласно Законот за отуѓување на градежно земјиште по пат на лицитација, каде фирмата Мак Аутостар беше победник на лицитацијата.

Градежната парцела е во површина од 5060 м2, вкупната површина за градба изнесува 1733 м2, а планираната развиена површина изнесува 12131 м2.

Во овој дел е планирано да се изгради деловен простор, кој ќе претставува можност за проширување на капацитетите на компанијата, а истовремено општината ќе добие убав уреден комплекс.

Инвестицијата на фирмата која во следнот период треба да се реализира ќе изнесува околу 7 милиони евра.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top